Божикен и новогодишен концерт во организација на Македонско-хрватското друштво “Марко Марулиќ“

Во организација на Македонско-хрватското друштво “Марко Марулиќ“ во малата сала на Центарот на култура во Битола се одржа традиционалниот Божикен и новогодишен концерт.

Гостин на Божикниот концерт беше новата амбасадорката на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ, градоначалничката на Битола – Наташа Петровска, претставници на хрватска амбасада во Скопје, но и претставници на хрватските здруженија од другите градови.

За време на концертот беа прикажани и три кратки документарни филмови за Каштел и на неговото културно наследство, но и  прекрасни карди за природните убавини на ова приморско место.

По концертот во хотелот “Премиер – Центар“ се одржа и Божикната забава на ова Друштво, на кое беа размената подароци и договорени нови настапи, а гостите уште еднаш уживаа во прекраснатите изведби на машкиот вокален состав “Подворје“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *