И од Битола се може(и)

„И од Битола се може(и)“ е настан во организација на Фондацијата за одржлив развој „ПРЕДА Плус“ во соработка со Лајонс клуб Битола и Ротари клуб Битола. Настанот се одржа на 10.12.2019 година во просториите на „Порта Џез“, каде што беше презентиран вториот циклус на стартап бизниси. Пред потенцијалните инвеститори и многубројната публика се претставија “Бетоф“ кој ни презентираа за органските чорапи и кошули, “ПАМ“ е платформа која има хумана мисија посветена на лицата со посебни потреби. и “TrySpicy“ е одличен стартап кој ќе послужи како ефикасен гурмански водич на идните корисници.
Покрај официјалните бизнис презентации во вториот дел од вечерта со свои мотивирачки говори настапија адвокатот Никола Главинче, новинарката Љубица Ангелкова, претприемачот Борче Стојановски и почесниот конзул на Унгарија во Македонија и претприемач Сашо Јанакиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *