Емилија Розман ја раскина веридбата – вереникот го познаваше само 24 часа пред да ја запроси

Македонската мисица Емилија Розман, која пред два месеца се вери со Стефан Ангелковски, ја раскина веридбата.

„Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Сè се случи со молскавична брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа. Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејки се познаваа со другар ми. Кога ја пружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид. На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“ Јас реков – зошто да не. Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас. Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не нѝ успеа бидејки Стефан немаше извод. Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил. Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце. Секако реков – да“, изјави по веридбата Розман.

Иако медиумите пишуваат дека се разведуваат, Емилија за „Репортер“ вели дека тие не се венчале, туку дека само биле верени.

„Ние не бевме во брак како што пишуваат медиумите. Само се раскина свршувачката меѓу нас. Одлуката за самото запросување беше избрзана, нè понедсоа емоциите и се случи. Ќе гледам на ова како на една авантура, а нему му писакувам сè најубаво и се надевам дека ќе ја пронајде вистинската за него“, изјави Емилија за „Репортер“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *