Црвениот крст на Охрид делеа совети и кондоми по повод Светскиот ден за борба против СИДА

Под мотото „ROCK THE RIBBON TOGETHER“ Црвен крст Охрид, Центар за јавно здравје Охрид и Опција Охрид денес го одбележаа 1 декември, Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА.

Волонтерите и вработените во овие организации на бројните посетителите на штандот, на околните кафулиња, на минувачите им делеа едукативен материјал, им ставаа црвени панделки на реверите како универзален симбол за постоењето СИДА-та како болест и како поддршка за оние кои живеат со болеста, ги едуцираа со корисни совети за начинот на превенција и заштита од ХИВ/СИДА, делеа кондоми, а во амбулантното возило на Црвен крст Охрид се вршеа бесплатни и доверливи тестирања на присуство на ХИВ вирусот во крвта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *