Барселона славеше во Мадрид, Меси во финишот донесе победа

Три големи бодови за Барселона во битката за шампионската титула во Шпанија, Каталонците го победија Атлетико Мадрид со 1-0 благодарение на гол на Лео Меси.

Иако во текот на мечот и двете екипи имаа свои шанси, победникот беше решен со погодок во финишот од натпреварот. И тоа кој друга ако не Лео Меси. По едно двојно проигрување со Луис Суарез, Меси во 86. минута постигна убав гол за победа на Барселона од 1-0.

На табелата Барселона бодовно се изедначи со Реал Мадрид, и двата тима имаат по 31 бод, но Каталонците се прво поради подобра гол разлика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *