УРНЕБЕСЕН ОГЛАС ЗА ИДНА НЕВЕСТА: Сака медицинска сестра, а еве уште кои услов…

Скоро во сите оделениа на Здраствениот центар во Врање осамнале залепени ливчиња на кои е испечатен оглас во најмала рака со необична содржина, која ги насмеала сите кој го виделе, а човекот кој бара жена е под шифра “ЈОЈ БОЛИ“.

Не е познато дали станува збор за шега или вистинска потреба за жена како што е опишана во огласот, бидејќи на повик на бројот кој е огласен никој не одговарал.

На огласот пишувало, “Дечко, 39 години, интелектуалец, машински инжењер, сензуална природа, кафени очи, роден со оцена 10, висок 184 см. стамбена резиденција – ранч, обезбеден, вози мерцедес“.

Тој бара медицинска сестра во “редовен работен однос“.

Вели дека е “професионален староседелец во градот“, како и дека сака да запознае “Врањанка, образувана девојка, од здрава лоза, висока, поради брак и развивање на семеен бизнис“

Но тоа не е се, овој човек од идната сопруга очекува да “не е депресивна, да е подготвена да живее за еден човек, да раѓа здрави машки деца, да не провоцира… да има основно познавање во кујна и да има од кого на научи“.

Некои медицински сестри во шега велат дека главната замерка се однесува токму на оваа ставка, бидејќи насетуваат дека ќе има свекрва која би требало да ги научи некои работи во кујна…

Во секој случај младоженецот иако нема вистинска намера да се жени, утрово насмеал бројни здравствени работници но и пациенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *