Денес за влез во Скопје – Kолони автомобили заглавени во Автокоманда (Фото)

Редици колони утрово се создадоа на влезот на Скопје во Автокоманда.

Сведоци за КУРИР велат дека утрово сообраќајот таму е закрчен, а истото се случувало и вчера вечерта каде се чекало и до половина час за да се излезе од сообраќајниот хаос.

Според сведоците се работи за градежни работи на овој булевар поради што е затворена и третата лента за сообраќај, а функционираат само две.

Возачите на социјалните мрежи предупредуваат и за трпеливост во сообраќајот и дека сите брзаат за на работа ова утро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *