Македонски плланинари го освоија Триглав (ФОТО)

Македонските планинари Ицо Ангелкоски од Крушево и Даниел Миневски од Битола се искачија на највисокиот врв на Балканот, Триглав во Словенија.

На Ангелкоски и Миневски им беа потребни околу 12 часа за да стигнат до овој подвиг, поминаа околу 30 километри од долината Крма се до врвот на Триглав. Подготовките за овој успех траеа околу два месеци.

Tриглав е највисок врв во поранешна Југославија и се наоѓа во северозападниот дел на Република Словенија, со што претставува и највисок врв на Јулиските Алпи. Неговата височина изнесува 2.864 метри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *