Антикорупциска комисија; Обвинителите на СЈО НЕ ГИ ПРИЈАВУВАЛЕ БОНУСИТЕ во анкетните листови

Обвинителите од СЈО не ги пријавувале надоместоците во анкетните листови. Огромните суми на пари кои ги добивале обвинителите за да не кажуваат што слушнале во „бомбите“ не постојат во ниту еден анкетен лист на обвинителите.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвора предмет за високите надоместоци надвор од платата кои ги земале обвинителите од Специјалното јавно обвинителство за време на нивниот мандат, од 2015 година до годинава.

Од Антикорупциската комисија ги отвораат сите анкетни листови за имотната состојба на поранешните специјални јавни обвинители и промените што ги пријавувале во последниве години. Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска, за „А1он“ тврди дека секоја промена во нивниот имот, вклучително и надоместоците, требало да бидат уредно пријавени во нивните анкетни листови.

Според базата „Отворени финансии“, може да се види дека обвинителите од СЈО земале од 70 илjади евра до 107 илјади надвор од редовната плата. Според пресметките, за 4 години десетте специјални јавни обвинители плус Катица Јанева зеле надоместоци од над еден милион евра.

Катица Јанева, како што веќе беше објавено, од 2015 до годинава зела надоместоци од 157 илјади евра. Веднаш зад неа се обвинителите Стевчо Донев и Елизабета Јосифоска кои добиле по 107 илјади евра. Обвинителката Лиле Стефанова зела надоместоци од 93 илјади евра, додека нејзиниот колега Бурим Рустеми 90 илјади евра.

Покрај Антикорупциска, надоместоците на СЈО се најдоа и под лупа на Јавното обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *