Владата ќе купува 15.000 Lada автомобили!

Чудна одлука на Владата на Русија. Додека се повеќе и повеќе земји се одлучуваат да доделат субвенции на своите граѓани при купување на нов автомобил, во Русија се одлучија на друга стратегија.

Со цел да ја поддржат домашната автомобиска индустрија т.е. Lada, Владата на Русија ќе купи, ни повеќе, ни помалку, туку 15.000 возила од брендот на Lada.

Кој точно ќе биде крајниот корисник на овие возила не е познато. Некои руски медиуми пишуваат дека истите ќе ги користат т.е. ќе бидат донирани на најразлични државни и федерални служби. За оваа цел, Владата ќе потроши 70 милијарди рубљи односно околу 800 милиони евра.

Покрај овие патничи возила, во тек е набавка и на уште 18 илјади комерцијални возила од домашо производство.

Source 24auto.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *