“Гајдата на Пеце” за деветгодишниот Теодор Грујоски од Битола на 46-тиот Фестивал на народни инструменти и песни

Деветгодишниот Теодор Грујоски од Битола е добитникот на наградата – Гајдата на Пеце на годишнашниов 46 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој заврши синоќа на Рудина, Долнени. Теодор од четири години свири на гајда и како што велат етномузиколозите голем дел вештини ги совладал и ги преточува во синхронизираните звуци. Со тоа заврши годинешново издание на Фестивалот. А добитник на Гран-при наградата е вокално-инструменталниот состав „Аманет“ од Скопје.

Синоќа на Рудина, лулката на гајдаџиството и на Фестивалот се претставија групи и поединци од Македонски Брод, од Кочани, Демир Капија, од Битола, од Новаци, Битолско. Фестивалот се одвиваше со примената на сите заштитни мерки и со почитување на протоколите за културни манифестации. Според уметничкиот директор на Фестивалот, Родна Величковска, етномузиколог од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и во вакви услови се остварува заложбата на Фестивалот за негување и зачувување на изворниот мелос. – Мора да се грижиме за здравјето, се надевам дека со сите мерки тоа го направи и Фестивалот, но и се погрижи, би рекла и за духоното здравје на сите – да ја слушнат и да уживаат во богатиот изворен мелос. Имаме квалитет и потенцијал и помеѓу помладите генерации, тоа на дело и го покажувааат наше е да ги продолжим грижата и изучувањата на фолклорното богатство, зашто имаме и аманет од народот како негов идентитет во опстојувањето, рече Величковска. Во рамките на Фестивалот се одржа научен симпозиум на тема „Фолклорот некогаш и денес“, а беше промовиран и вториот зборник со трудови на оваа тема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *