Фолк пејачката Сузана Гавазова изнервирана од недолични коментари на социјалните мрежи!

Фолк пејачката Сузана Гавазова, нема веќе трпение да се расправа со, како што вели, искомплексирани луѓе кои освен лоши коментари ништо друго не знаат да напишат. Таа реши да се откачи од нив и да ги избрише од својот Фексбук профил, за да остави и простор на луѓе кои навистина ја почитуваат нејзината песна, секако и неа,  имаат да кажат убави работи и да споделат убава енергија. Таа им нашиша:

-Се уморив од бришење лоши коментари и од блокирање на искомплексирани луѓе..Едноставно не сакам на мојот профил негативна енергија. Сите негативни , препотентни, нечувствителни, безобразни и безобзирни луѓе се, сепак, несреќни затоа им простувам, но нека се тргнат подобро од мојот профил да не бидат уште понесреќни. А вам драги луѓе кои знаете секогаш да кажете по некој убав збор, златници да ви излегуваат од вашата уста.. Ви благодарам на убавите зборови,ве сакам,бидете ми живи и здрави и Господ да е со вас, напиша таа!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *