Еурофарм Работник пред најтешкиот натпревар оваа сезона

Веќе е сигурно дек Еурофарм Работник нема да продолжи во елиминационата фаза на Лигата на шампионите, а нема ни да се помрдне од последното шесто место во групата. Сепак, одговорност на битолските ракометари е достојно да се претстават и на последниот натпревар во групата Ц, оној в сабота попладне против Бидасоа Ирун во Битола.

По смената на Алушовски, екипата ќе ја води неговиот прв асистент Божидар Мојсов. Тој на денешната средба со новинарите рече:

„Ние сме во една ситуација која ниту еден клуб не би посакал да биде. Никој не посакува да има промени среде сезона. Ни следи Најтежок и за мене и за ракометарите. Ни доаѓа лидерот во групата, Бидасоа Ирун е одлична екипа, системски добро подготвена. Тие долго време играат заедно и сигурно ни следи тежок натпревар.најтешкиот натпревар оваа сезона.
Би посакал играчите да излезат на терен и да го покажат најдоброто од себе. Имаме голем неспорен квалитет во екипата и се надевам на добар натпревар и максимално ангажирање. Сите ракометари се спремни, со исклучок на Милорад Кукоски, кој е неизвесен. Тренира, но уште не сме одлучиле дали ќе настапи“.

Натпреварите со Бидасоа Ирун в сабота од 17:30 часот и дуелот со ППД Загреб во вторник се последни на Еурофарм Работник на домашен терен оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *