Земјотрес од 6,4 степени ја потресе Албанија, има и жртви

Земјотрес со интензитет од 6.4 степени според Рихтеровата скала, ја стресе Албанија во 03: 54. Локалните медиуми јавуваат дека е предизвикана огромна штета, а градот Драч е без струја.

Најмалку шест лица починале. Еден човек почина откако скокна од прозорецот во паника, потврди портпаролката на Министерството за одбрана. Повредени се околу 150 луѓе.

Се чувствуваше низ целиот регион, во Италија, па дури и во српскиот град Нови Сад, оддалечен скоро 700 км. Земјотресот беше почуствувано и во делови од Македонија, меѓу кои и во главниот град Скопје, каде тресеше цели 15 секунди.

Епицентарот е на 11 километри од албанскиот град Драч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *