Македонците ги чека ракометна пролет во ЕХФ Купот

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров се пласира со француски Нант во групната фаза од ЕХФ купот. Реваншот натпреварот во Норвешка заврши 30:30 (16:16) со Арендал во третото квалификациско коло. Лазаров беше прв стрелец за францускиот тим со шест погодоци од 11 обиди. Лазаров со пласманот во групната фаза им се придружи на Борко Ристовски и Филип Кузмановски чии клубови исто така ќе ги гледаме во Европа на пролет.

Ждрепката за групите за ЕХФ купот ќе се дефинираат во вторник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *