Охрид го превзема врвот во Суперлигата

Ракометарите на Охрид се лидери во Суперлигата откако со 28:20 (13:11) славеа над Пелистер во 12. коло од најсилната машка домашна лига.

Најефикасен во победничкиот состав беше Бобан Блажески со осум гола, а по четири постигнаа Кривокапиќ и Тот. Во тимот на Пелистер најпрецизен беше Стефан Талевски со шест погодоци.

Ова беше втор меѓусебен дуел на екипите оваа сезона. На првиот, одигран во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, исто така победи прволигашот од Охрид.

Следното коло за Пелистер носи домашно соочување со Металург 2, а за тимот на Стојановиќ гостување во Радовиш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *