Концерт на филмска музика “FILM MUSIC RHAPSODY” во Битола

Концертот на филмска музика насловен како FILM MUSIC RHAPSODY ќе се одржи на 27.08.2020 година со почеток во 20 часот во Античкиот театар Хераклеја. На концертот ќе бидат изведени 13 музички евергрини од најпознатите филмски отстварувања, во придружба на Камерниот оркестар на Битола.

Инаку, ова е завршницата на Интернационалниот музички онлајн фестивал MUSICLAND, на кој учествуваа 230 учесници од 36 земји.

Настанот секоја година традиционално се одржуваше во рамките на БИТ фест и на него учествуваат учесници од многу странски држави, но оваа година учествуваат само учесници од нашата држава, поради пандемијата со коронавирусот.

Концертот се одржува под покровителство на Општината Битола и Министерството за култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *