Донација на книги за лицата кои примаат хемотерапија

Некаде прочитав дека добрината во зборовите – создава доверба, добрината во мислите – создава длабочина , но добрината во давањето – создава љубов. Денес ние создадовме љубов и едно пријателство. Денес ние некого направивме да се чувствува сакан, почитуван и забележан. Нешто најубаво на светот зар не? Арс Ламина и Литература.мк учествуваа со 10тина наслови кои беа донирани во клиниката за онкологија за болните од канцер на дојка. Целта е да го ублажиме оној тежок миг дур ја примаат својата хемотерапија која трае долго со помош на книги кои би ги отстраниле мислите од болката и би се насочиле кон/на читањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *