БИТОЛА ДОМАЌИН НА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

По повеќе од 10 години, Битола повторно е домаќин на државното првенство во пинг понг за средношколци. Домаќин на настанот е СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, а првенството е во организација на Сојузот на училишни спортови Битола. Настанот го отвори градоначалничката Наташа Петровска.

„И натаму општината ќе вложува во спортот кај младите, затоа што се оттаму тргнува, без разлика за кој спорт станува збор. Она за што сум посебно емотивно врзана е понг понгот, затоа што своевремено бев дрджавен натпреварувач во овој спорт. Ви посакувам успех на ова државно првенство, бидете храбри и никогаш не се откажувајте. Воњата и намерата да направите нешто, секогаш на крајот излегува на виделина“, рече градоначалничката Петровска.

На настанот се обрати и директорката на училиштето домаќин, Фанија Наумовска. На државниот натпревар учествуваат околу 60-тина натпреварувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *