Еурофарм Пелистер и Вардар убедливо победија над Прилеп и Е.Пелистер 2 и си закажаа дуел во финалето

Денешната програма на струшкиот турнир заврши со очекувани резултати. Најпрво Е.Пелистер и во вториот натпревар на струшкиот турнир запиша убедлива победа овој пат беше подобар од тимот на Прилеп совладувајќи го со убедливи 38-17, полувреме 18-10. Со овој триумф битолскиот состав го завери местото во финалето, каде најверојатно ќе игра против Вардар.

Веднаш потоа европскиот шампион без мака дојде до втората победа и го совлада вториот тим на Е.Пелистер 2 со 33-19 и веќе е сигурен патник во финалето кое е закажано за в недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *