ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА 75 ГОДИШНИНАТА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПРВАТА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

По повод 75 годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“ во 10.00 часот традиционалното полжија свежо цвеќе на спомен-плочата на чешмата до Пожарната во општина Битола. После чествувањето, делегацијата свежо цвеќе положи и на гробот на Андреј Чипов, генерален секретар на КПГ и претседател на ВМРО-Обединета за Егејска Македонија, на гробиштата до црквата “Света Недела“ во Битола. Настанот го почестија со свое присуство и делгациите на „Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради“, Прилепското здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и нивните потомци , ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола и др.

Настанот го отвори и пригоден говор одржа претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“, Александар Јаневски, а потоа говор одржа и Ташко Јованов.

Според организаторите, градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска , иако била уредно поканета, не присуствуваше на настанот.

После чествувањето кај спомен плочата до Пожарната, свежо цвеќе се положи и на гробот на Андреј Чипов, генерален секретар на КПГ и претседател на ВМРО-Обединета за Егејска Македонија, на гробиштата до црквата “Света Недела“ во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *