ЈКП „Водовод“ Битола дава можност да се плати заостанатиот долг на рати

ЈКП „Водовод“ Битола ге известува граѓаните дека во периодот од 06.08. 2020 година до 25.08. 2020 година, нa корисниците на услугите на ЈКП „Водовод“ Битола кои имаат заостанат долг за вода и тоа; /по основ на тужени, редовни сметки и фактури за сите физички и правни лица / им се дава можност да го платaт заостанатиот долг на рати.

Доколку должниците не се јават во наведениот временски период ке бидиме приморани постоечките тужби да ги доставиме до надлежните извршители, а исто така за заостанате неплатени сметки и фактури ке се изготвуваат нови тужби.

Раководниот тим на ЈКП „Водовод“ Битола и во иднина ке се грижи за своите коминтенти/потрошувачи на вода/ преку превземање на мерки кои ке бидат во интерес исклучиво на корисниците и граганите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *