Фудбал : Пелистер – Брегалница , пријателски и нерешено

ФК „Пелистер“ во текот на репрезентативната пауза ја искористи приликата и одигра пријателски натпревар на стадионот под Тумбе кафе, со екипата на „Брегалница“ од Штип.

За „Пелистер“ на тревата истрчаа Филип Трајчевски, Усни Исмаили, Бојан Илиевски, Горан Ганчев, Благоја Љамчевски, Игор Момировски, Саше Шопоски, Дарко Ангелески, Антонио Бујчевски и Мирко Симјановски.

Првото полувреме заврши 1:0, во корист на домаќините , а голот го постигна Ујкан Муча, кој дојде на проба кај зелените од екипата на ФК „Кораб“ од Дебар.

Натпреварот заврши со нерешен резултат(1:1), израмнувачкиот гол за штипјаните го постигна битолчанецот Филип Миленковски.

По репрезентативната пауза , Пелистерци на домашен терен ја очекуваат екипата на ФК „Охрид“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *