Јелена Томашевиќ на “Фестивалот на музика од светот“ во Битола

Пред преполната сала на Центарот за култура во Битола, во прекрасна атмосфера пеачката Јелена Томашевиќ одржа извонреден концерт во рамките на “Фестивалот на музика од светот“.

Со маестралниот настап Јелена докажа дека е женски вокал број еден на овие простори. Мора да се спомене и одличната придружба на камерниот оркестар под водството на Владимир Димовски.  

Со богатиот репертоар изведен со голема доза на емоции никој во салата на Центарот за култура во Битола не остана рамнодушен со очекување на наредни концерти од овој ранг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *