“Малиот шенген” – алтернатива по француското не или реална желба за регион без бариери?

Се нуди ли малиот шенген како алтернатива во ситуација кога Брисел јасно кажа дека не е подготвен за проширување со државите од Западен Балкан? Заев со Рама и Вучиќ на големо ја промовираа идејата за воспоставување регион без бариери за слободно движење на стоки, луѓе, услуги и капитал меѓу Македонија, Србија и Албанија. Косово пак е со став дека регионална иницијатива не може да биде замена за европската перспектива. Во ситуација кога и дел од експертската јавност предупредува и за негативните последици од мал шенген Заев тврди дека иницијативата не значи отстапување од европските интеграции. За опозицијата секоја иницијатива е добредојдена, но единствена стратешка унија кон која треба Македонија да се стреми е европската унија.

Амбасадорот на Франција, Тимоние ја поддржува ваквата соработка.

“Секако тоа беше и пораката на претседателот Емануел Макрон што ја даде во Софија дека секоја соработка во овој регион меѓу земјите од Западен Балкан е добредојдена, бидејќи како што гледате и денеска соработката до што не донесе, дека тоа само има позитивни плодови, и Франција го поддржува таквиот вид на соработка“, рече Тимоние.

Малиот шенген подразбира да се воведе систем на патување само соо лична карта, заеднички работни дозволи, влез за странци без визи за поголем број туристи, заеднички работни дозволи, признавање на дипломи. Во оваа идеја засега се вклучени Македонија, Албанија и Србија, а се очекува одговор од Црна Гора и Босна и Херцеговина. Мал шенген треба да стартува во 2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *