Одбележување на 2-ри Август – Денот на Републиката (Во Живо)

[🔴Во живо] Свеченост по повод државниот празник Ден на Републиката – 2 август Илинден 2020

Свеченост по повод државниот празник Ден на Републиката – 2 август Илинден 2020

Posted by Влада на Република Северна Македонија on Saturday, 1 August 2020

Во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска, ќе положат цвеќе и ќе оддадаат почит на загинатите борци на неколку локации.Како што соопштуваат од Центарот со комуникации со јавноста на СДСМ, во Пелинце, пред Меморијалниот центар АСНОМ, во 11.00 часот, во рамки на државното одбележување на празникот, почит ќе оддаде и ќе положи свежо цвеќе делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Љупчо Николовски, Сања Лукаревска, членка на Централниот одбор на СДСМ и Мартин Костовски од ОО СДСМ – Куманово. Во Крушево, во рамки на државното одбележување на празникот, делегација на СДСМ предводена од организациониот секретар на СДСМ Душко Весковски, придружуван од Оливера Чавкар, членка на ЦО на СДСМ и Трајче Калевски ќе положат свежо цвеќе во 10.30 часот пред гробот на Никола Карев и пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и во 11.45 часот пред споменикот на Мечкин Камен. Во Скопје, делегација на СДСМ во состав од поптртседателот Коста Петров и Марија Георгеивска, претседателка на ОО СДСМ Карпош во 9.15 часот ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев и споменикот на АСНОМ во парк Жена борец, а во 9.35 пред споменикот на Методија Андонов – Ченто. Во Смилево, делегација на СДСМ во состав Соња Карапец, претседавач на ЦО на СДСМ и Васко Талевски, во 09.00 часот, ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред “Даме Груев”. 

По повод државниот празник 2 Август – Илинден, покрај делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски која ќе биде присутна во село Ташмаруништа, Струга почнувајќи од 10:30 часот, делегации на ВМРО-ДПМНЕ ќе положат цвеќе на повеќе локации каде празникот ќе се одбележува.

Како што соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, делегација предводена од Дафина Стојаноска и Силвана Ангелеска, членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе положат цвеќе на Мечкин Камен во Крушево.

Делегација предводена од Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и Бране Петрушевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово ќе положат цвеќе во Меморијалниот центар „АСНОМ“, Пелинце.

Делегација предводена од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, меѓународен секретар за меѓународна соработка ќе положат цвеќе пред споменикот на АСНОМ, споменикот на Никола Карев, потоа пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто, Плоштад „Македонија“ и на споменикот Сила, Слава и Победа – тврдина Кале.

Делегација предводена од Олга Лозановска и Никола Најдовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Демир Хисар, ќе положат цвеќе на Могила на Даме Груев, споменикот на Смилевските илинденци и спомен плочата на Партизанскиот одред „Даме Груев“ во с. Смилево.

Сител ТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *