Со секој иселен млад човек, државата претрпува штета од 1400 евра

Реакција на младите од УМС на ВМРО -ДПМНЕ за неперспективноста и нејасна иднина на младите во државата:

Розовите наочари на Костадин Костадинов вирално се шират кај младите од СДММ, па така тие со брзина на светлината стигнаа и во Битола.

Нашите сограѓани од СДММ носејќи ги розевите наочари, за кои ексклузивитет има Костадин Костадинов, не го видоа извештајот од светска банка, кој вели дека бројот на невработени млади лица од 44,5% пораснал на 54,8%.

Но тоа не е се. Поради оваа состојба и огромната бројка на невработени лица, младите својата егзистенција ја бараат во Европските земји. А со тоа се отвара нов проблем, кој исто така од предходно споменатите наочари, членовите на СДММ неможат да видат, а тоа е иселувањето кај младите кое ја достигна бројката од 25.000 иселени млади лица на годишно ниво.
А тоа пак изразено во бројки и пресметано во пари би изнесувало штета по буџетот на Република Македонија од 35 милиони евра, односно со секој иселен млад човек, Република Македонија претрпува штета од 1400 евра.

Тоа нема да се промени со ниту една мерка на СДСМ, бидејќи сите нивни мерки завршуваат со тврдо ЌЕ, а наодамна видовме како тие водат грижа за младите и нивната иднина кога со последниот ребаланс на буџетот владата скрати 330 милиони денари од образованието, од кои 125 милиони беа наменети за инфраструктура и реконструкција на студентските домови и училишните згради. Или што би се рекло: Нема ништо од блокот В и блокот Г, нема ништо од студентскиот дом Гоце Делчев, а нема ништо ни од Студентскиот дом Стив Наумов.

Наместо нашите сограѓани од СДММ да се загрижат за фактот дека за многу кратко време ќе останиме без доктори, да се загрижат дека за еден обичен специјалистички преглед ќе треба да патуваме по 100 и повеќе километри во еден правец, тие се одлучија да ги стават добро познатите СДСМовски розеви наочари и да не видат ништо.

Реалноста за младите во Република Македонија и во Битола е многу полоша, а ќе биди уште полоша доколку ова лудило наречено СДСМ не заврши што поскоро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *