30-години од падот на Берлинскиот ѕид

Во Берлин се одбележува 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, моментот на историски пресврт кој ја трансформираше Германија, Европа и светот.

Ѕидот, како симбол на Студената војна и границата помеѓу Истокот и Западот, започнаа да го рушат луѓе со чекани и длета на 9-ти ноември 1989 година отворајќи неофицијален премин меѓу поделената Германија и на тој начин симболично ставајќи крај на децениската геополитичка тензија.

На централната манифестација во Берлин говор имаше германската канцеларка Ангела Меркел, а на церемонијата присуствуваа лидери од Словачка, Полска, Чешка и Унгарија.

Одбележувањето ќе кулминира вечерва, пред Брандербуршката порта, каде се очекува голем граѓански собир.

Соединувањето на Источна и Западна Германија се официјализираше на 3-ти октомври 1990 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *