Кратковидост !!!

Реакција на текстот „4-ТИ НОЕМВРИ – И за лицемерието до бескрај и назад“ (автор Валентин Груевски) објавен во порталот apla.mk

На транспарентот пишуваше “Каде ви се маските лицемери !?”, а поголеми лицемери од сегашната власт немало, нема, а богами од досега покажаното, нема ни да има…

Пред НТ во Битола беше народот кој оваа власт ја седна во фотељите и ние неколку голобради, но достоинствени и чесни членови од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека народот седеше така насобран, поминаа низ него познати лица кои пред неколку години беа исто тука со нив, со истите тие луѓе кои седеа и овој 4ти Ноември на истото место, само тогаш, овие кои фино одминуваа, носеа маски, а сега носат лаковани чевли, скапи одела со испеглан раб, толку оштар што можиш да се сечиш од него. Жените беа со фризури кои потсетуваа на некој грандиозен настан, а за разлика од воздухот кој мириса на тежок метал низ градот, во тој радиус од 20сетина метри каде што се наоѓавме, мирисаше на скап парфем.

Не е лицемерие тоа што ние излеговме со транспарент, некој од нас таму присутните до пред две години немаше ни право на глас, а не пак право и можност да учествува во креирање на важни политички одлуки како што вие имавте можност пред три години, посебно како што имате можност сега, (не)почитувани узурпатори на власта. Лицемерие е прв да ја начниш темата за загадениот воздух, да добиеш огромна политичка поддршка благодарение на тој проблем, да добиеш политичка функција, а потоа да станиш приврзок на диктатор и да се ставаш во одбрана на режимот кој денес владее и дивее низ Република Македонија. Лицемерие е прв да ја начниш темата за загадениот воздух, а сега само поради позициите добиени во власта да не смееш збор да изустиш на таа тема, а дури по наредба “од горе” да го облечиш оделото и да се прошеташ гордо, додека по тебе викаат “У-аааа” оние кои буквално те почастија мандат, а кои сега, богами и жалат за истото.

Да, лицемерие има многу, но ние бевме и сме против режим и диктаторско владеење, само кај вас има некоја чудна промена. Изгледа навистина има некоја магија во функционерските столчиња.

Ете сега на крајот, без да ги коментирам милионските суми лиферувани во јавноста “ко бајаги” и “на полажги” инвестирани во подобрувањето на животната средина,а нема да ги коментирам бидејќи нема никаков бенефит од тоа. На крајот од ова четиво да си дадеме едно ветување од лично име. Прво ние се претставуваме самите себеси, па потоа и другите. Па оттука: Се додека не се изнајдат решенија за подобрување на животната средина во Битола, УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола, нема да учествува на ниту еден славенички настан, манифестација, организирана од било која локална самоуправа. Се додека не се изнајдат решенија за подобрување на животната средина во Битола УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола ќе биди на улица со народот, со транспарент кој поради кратковидоста не успеавта ни да го видите ни да го запомните. А бидејќи на секој кој седнува во фотеља помнењето му се крати, ние сме тука да го потсетиме.

Па се разбира, вие да не бевте кратковиди, немаше да станите приврзок на диктатор и борејќи се против “режим” сега да се ставите во одбрана на РЕЖИМ.

Марко Јосифовски

https://apla.mk/index.php/krfica/item/3679-4-ti-noemvri-i-za-licemerieto-do-beskraj-i-nazad-pishuva-valentin-gruevski

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *