Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за октомври 2019

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.10.-31.10.2019 година вкупниот промет изнесувал 681.345.461  денари и е намален во однос на септември за 6,90 отсто. 

Класичното тргување изнесува 362.625.740 денари и е намалено во однос на септември за 20,83 отсто кога изнесувало 458.036.398  денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 355.057.778 денари и обврзници во вредност од 7.567.962 денари.

Блок трансакциите за октоммври изнесувале 318.719.721 денари и се зголемени за 75,91 отсто во однос на септември.

Бројот на трансакции во октомври изнесувале 1.777 и се намалени за 5,73 отсто во однос на септември кога изнесувале 1.885.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за октомври се на Макпетрол АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и Комерцијална Банка АД Скопје го зазема третото место.

Месечниот статистички билтен за октомври 2019 година можете да го погледнете тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *