Доделени четвртоноемвриските награди

На Свечена Академија во Народниот театар беа доделни наградите „4-ти Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на Битола.

Наградата за животно дело за Благој Стефановски за неговите заслуги во областа на театарската уметност.

На вечерашната прослава беа доделени и наградите за едногодишни остварувања и тоа за Васко Михалчев, Ѓорѓи Лазаревски, Јасмина Буневска-Талевска, за печатницата „Киро Дандаро“, за Марија Младеновска-Димитровска, за Јавата општинска установа детски градинки „Мајски цвет“ и за Марија Росенгрен.

Оваа година за прв пат општината додели признанија и за пет ученици од Битола и тоа за Мила Ивановска од Гимназијата „Јосип Броз Тито“, за Софија Михајловска од основното музичко училиште, за Наде Смилевска од ОУ „Кирил и Детодиј“, за Андреа Велјановска од медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“ и за Антонио Дамјановски од ОУ „Свети Климент Охридски“. Признанијата им беа доделени за нивните постигнати успеси во наставниот и воннаставниот процес.

На Свечената академија меѓу другите беа присутни и заменик претседателот на владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *