РОТАЦИЈА

Кружно движење на предмет околу средиште на вртење.

Најстар доказ е дека земјата е испапченоста на нејзиниот екватор во однос на половите. Таа испапченост не можела да настане поинаку освен под дејство на центрифугалната сила која што постои при ротација.

Доказ Кориолов ефект – кој се појавува исклучиво во ротирачките координатни системи кај тела во движење коишто не се во цврста врска со искривување на патеката на движење на тие тела според Њутн. Но тука  кај овај ефект манифестацијата е како вода која доколку нема надворешна реакција истекува како во мијалник во бездна.

Доказ Фуково нишало – кој докажал дека рамнината на нишањето не можела да ротира бидејќи врз неа не дејствувал никаков спрег на сили, па јасно е дека ротацијата е привидна.

Македонска политичка ротација.

Молк од ротациските центри СДСМ и ДПМНЕ. Кој да го фати молкот, кој да зборни.

Мамец од ротациските центри ДУИ и АлијанскаАлтернатива плус ДПА. Кој да го убие молкот, кој да зборни.

Секој од ротационерите сака ротација. Но дали еден милион негласачи, и пет проценти неважечки од деветстотини илјади гласачи (правно) и триста илјади преработени (правно Дерковисти – нормално) дали се за…

Шестотини илјади без пет проценти дозвола за ротација…

Дали да ротација или ротација за т.н. лидери на кусур политика.

Денес сакате премиере, претседателе на собрание, претседателе на држава ротација во функција. Вие легално сте за ротација по Кориолов ефект и вода во мијалник во слободен од и надвор во бездна. Затоа сакајте, уживајте и размислувајте некој од мијалниот ако ја отпушти водата каде ќе одите. Центарот на вашата ротација е во раце на тие кои дозволија да одите на одмор во Брајчино, да одите во молк во Бела палата, да одите на телефон кон молба за ротација.

Почекајте, Размислете, Ротирајте и според Фуково правило математички околу трите ХУZ координати оставете ја Македонија во центарот на Балканот бидејќи според третиот Њутнов закон доколку удрите по неа таа ќе ви врати исто можеби на Вашите поколенија.

На крај сетете се дека има еден милион негласачи за Вас, и триста илјади Деркоски гласови, а вие сте заедно Молк и Мамец не повеќе од половина милион кои во секој момент имаат отворена врата кон предходно споменатиот милион.

Па сега ротирајте?

д-р Николче Талевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *