ПРОТЕСТ НА ТУРИСТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ

Туризмот е на респиратор“, „Ни треба помош сега и веднаш” порачаа на мирен протест туристичките работници.

Она што пред повеќе од еден месец го пуштија како документ во министерството за економија сега го повторија со мегафон пред владината зграда. Субвенционирање на минималец за вработените до крајот на годината, одложување на кредитите до септември следната година се само дел од барањата.

Ова е најпогодениот сектор од Ковид-19, кој опфаќа повеќе од 5000 вработени  велат туристичките работници. Се бара финансиска помош во форма на субвенции меѓу 3000 и 25 илјади евра. 

Преку овој протест се испраќа порака да не бидат заборавени и туристичките водичи, но и превозниците. За нив се бара наместо 50 проценти, како што е сега, капацитетот на исполнетост на возилата да биде 70 отсто од седиштата.

Зелениот картон кој го платиле за 2020-та година да важи и во 2021 бидејќи е платен а не е искористен. Официјалната статистика вели дека бројот на туристи и странски и домашни, во споредба со минатата година од јануари до мај е намален за 63%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *