Доделени наградите на 27. интернационален аматерски документарен филм “Камера 300“

Во малата сала на Центарот за култура во Битола беше свечено отворен  27. Интернационален аматерски документарен филм и беа доделени наградите на најуспешните, а фестивалот започна со проеција на филмот “Последното кафе“ на Стево Сидовски, како спомен на него.

Присутните ги поздрави престедателот на кино видео клуб “Студио Милтон Манаки“, Стефан Хаџиантоновски, кој рече оваа година имало доста квалиттени филмови од повеќе земји и дека од вкупно 35 пристигнати жири комисијата допуштила да се прикажат на официјаната прва и втора проекција 15 филмови.

Жири комисија на 26. Интернационален аматерски документарен филм „Камера 300“ кој го  организира Кино видео клуб “Студио Милтон Манаки“, му ја додели највисоката награда гран-при “Плакета Милтон Манаки“ на Џејмс Калмерс од Велика Британија, за “Реквием за Тин“.

Наградата “Златната камера 300“ му беше доделена на авторот Диме Талевски за филмот “Литија“, а “Сребрената камера 300“ на автор од Бугарија за филмот “Уловено време“. “Бронзена камера 300“ е за фимот “Ехо на минатото“ на Барбара и Берхант Зимерман од Германија.

Златен медал на УНИКА доби филмот “Стушкиот дедо мраз“ на авторот Петар Узуновски. 

Плакетата за режија  “Драги Савевски“ доби Горан Трифуновски за филмот “Бранко Гапо“. Плакета за монтажа Франц Топиќ од Словенија за филмот “Сулптура’’. Плакета за идеја “Стево Сидовски“ добија Валентина Илиевска и Надица Петковиќ за филмот “Мека душа за тврдо железо“, а плакета за репортажа Анита Кирбиш за филмот за градот Птуј во Словенија.

Посебна плакета им беа доделени на Тони Ристевски, Томе Љушев, Љупчо Ристевски и Христијан Кочовски.

26. Интернационален аматерски документарен филм за отворен го прогласи градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која ја додели и плакетата на општина Битола.

Жири комисијата која го прегледа филмовите и ги награди беше во состав: Љупчо Петровски, Мишо Нетков, Антон Антонов, Јосип Грозданиќ и Благојче Божиновски. 

На отворањето на фестивалот настап имаа членови на дувачкиот оркестар од Музичкото училиште.

„Камера 300“  е поддржан од Агенцијата за филм на РМ и градоначалникот на Општина Битола, фестивалот е  во рамките на 4-то Ноемвриските празнувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *