Палмер: Србија никогаш нема да влезе во ЕУ без да го признае Косово

Палмер во обраќањето во Националната библиотека во Приштина рекол дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, знае дека Србија нема да влезе во ЕУ без решавање на спорот со Косово.

„Србија никогаш нема да влезе во Европската Унија без признавање на Косово“ порача денеска специјалниот пратеник на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Метју Палмер, при својата посета на Приштина, информираат косовските медиуми.

Палмер во обраќањето во Националната библиотека во Приштина изјавил дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, знае дека Србија нема да влезе во ЕУ без решавање на спорот со поранешната српска покраина.

Палмер денеска одржа средба и со косовскиот претседател Хашим Тачи во неговиот кабинет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *