Тевдовски : дали сте за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ

За мирувањето на прогресивниот данок се огласи поранешниот прв финансиер.

– Пратениците на СДСМ, пред да гласаат за ова, нека помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ. Посебно од страна на луѓе што немаат врска со СДСМ – напиша Тевдовски.
За период од 36 месеци, доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи ќе се оданочува со стапка од 10 проценти. Во мирување ќе биде ставена и стапката од 15 проценти, што значи дека стапка од 10 проценти ќе се применува и за оданочување на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и другиот доход.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *