СДИ – Катализатор на економскиот развој во Р Македонија

СДИ се катализатор на економскиот развој и преку нив земјата обезбедува потребен капитал,современа технологија а со тоа пристап до меѓународниот пазар на стоки и услуги зголемувајќи ја продуктивноста ,конкурентноста и осовременувајки го маркетинг менаџментот за зголемување на потребната работна сила и ресурси.

Споменувајќи дел од позитивните придобивки од концептот СДИ, Република Макединија не би можела да седи по страна од овој современ позитивен концепт напротив се труди максимално да ги промовира своите позитивни особености и ресурси, а кон тоа прилагодувајќи ја својата фискална, монетарна, сoцијална и макроекономска политика.

Странските инвестиции од осамостојувањето до 1996 година воглавно се засноваа на продажба на поголемите јавни компании значи не се работи за сегашниов начин на функционирање каде воглавно е чист странски капитал, туку следејќи го тогашниот модел на приватизација кој не само што беше многу неповолен за Република Македонија и не донесе некои позначајни резултати освен обезвреднувањето на поголемите и повредни економски капацитети со цел на евтин начин да се приватизираат,продадат и земат во сопственост на тогашната политичка структура. Но подоцна дојде до промена на концептот за привлекување на странски инвестиции видливо по резултатите кои се постигнаа во подоцнежниот период.

Со добро осмислена и активна еконoмска политика за привлекување на странски инвестиции и дефинирана во целост промоција афирмирајки ги вредностите и поволностите што беа создадени токму за таа намена односно цел, овој начин на привлекување на странски инвестиции е променет и во 2006 година донесе резултати и остварен пораст на СДИ во Република Македонија. Република Македонија својот позасилен обем на заложба за привлекување на странски инвестиции го започна од 2006 и 2007 година кога според добиените показатели, нивото на СДИ во 2007 година изнесувало 699,1 милиони долари за разлика од 2006 каде имаме 424,2 или учество во БДП од 6,5%.

Влијанието на светската економска криза 2008 – 2009 придонесе трендот на раст да биде помал односно да забави како на глобално така и на национално ниво. Така за показател го имаме учеството на СДИ во 2008 година од 587 милиони долари, иако беше економска криза, но во 2009 година тој податок покажува пад на 197,1 милиони долари со учество во БДП од 2,1 %, што упатува на немање на економски амбиент на глобално ниво односно светот се соочуваше со светска економска криза, а тоа дефинитивно значеше и одраз на паѓање на обемот на СДИ.

Д-р Љупчо Бошевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *