Битолчанец изгубил контрола над возилото и удрил во дрво

На 26.07.2020 во 13.45 на патот Битола – Пелистер, на пат за Голема ливада, патничко возило „даеву матиз“, со битолски регистарски ознаки, управувано од К.И.(74) од Битола, изгубило контрола и удрило во дрво.

Во незгодата, сопатничката И.Н.(69) од Битола се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Битола, каде била пренесена за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *