Мицкоски: Ќе направиме многу реформи за подобар живот

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју  на ТВ Шења изјави дека кадровските решенија на партијата имаат сериозни биографии и портфолија кои гарантираат работа за интересите на Македонија и многу реформи за подобар живот.

ВМРО-ДПМНЕ е најголема партија во Македонија, има голем кадровски потенцијал, ние не можеме по периоди да ги делиме луѓето во партијата. Она што е важно е дека секој од нив треба да даде максимум за она за кое што ќе биде номиниран и она за кое што ќе му биде дадена шанса. Но, ќе има многу луѓе кои што ќе бидат експерти надпартиски луѓе, кои што не поминале во структурите на партијата но затоа имаат сериозна биографија и лично портфолио да гарантираат дека ќе работат за интересите на Македонија и дека ќе направат многу реформи за подобар живот во Македонија, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека тоа е она врз основа на кое партијата  ќе прави кадровски селекции, луѓето да се компатабилни, конкуренти и дали тие луѓе се подготвени да работат чесно, честито, професионално да бидат отчетни и нула толеранција за криминалот и корупцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *