Во Германија се продава “Северномакедонско” вино од Македонија”

Македонски активист објавува амбалажа за македонско вино кое се продава во Германија.

На етикетата е напишано дека се работи за вино од видот “Розе” од “Република Северна Македонија” од 2018 година.На амбалажата нема ознаки за компанијата што го произведува виното кое е македонско но ако фразата се толкува како придавка е означено како “Nordmazedonien” или Северномакедонско.На графиката од етикетата е поставено и стилизирани сонце од Кутлеш или Вергина како што го означуваат во Грција.Според правилата на германскиот јазик и други северно-европски јазици зборовите северна и Македонија се претвараат во еден збор што значи Северномакедонски. Македонската влада пред и по потпишување на Преспанскиот договор тврдеше дека со промена на името нема да се промени придавката Македонски/а/о без притоа да ги анализира спецификите на европските и светските јазици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *