Милошоски: “Датумот му се загинал во авионот лани?”

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната седница на Комисијата за европски прашања на која се дискутира за недобивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ по блокадата на Франција – oбјави порталот “СДК”Пратеникот Антонијо Милошоски на говорницата излезе со фотографија од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, велејќи тоа е сликата кога лани двајцата го излажале народот дека земјава добила датум за почеток на преговори. Милошoски кажа дека досега барале за неуспехот да се разговара на Комисијата за надворешни работи, а не на ваква, како што кажа, владина забава.„Османи и Димитров лани по пат го загубија датумот. Денеска наместо оставка ќе ви понудат манипулативни изјави. Ние нема да учествуваме во оваа пародија. Утре имаме Комисија за надворешна политика и таму е местото за дискусија за овој неуспех на Владата. Ви посакувам пријатна забава денеска“, рече Милошоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *