Битолчанецот Пецаковски е најновото засилување на Тинекс Пролет

Битолчанецот и екс репрезентативец на Македонија, Дејан Пецаковски е најновото засилување на Тинекс Пролет. Кој потпиша едногодишен договор со клубот од Скопје додека ланската година ги бранеше боите на Металург.

Доаѓам во добро организиран клуб, кој отсекогаш важел за незгоден ривал за фаворитите. Кога и да сум доаѓал овде, дали со Зомимак, Металург или со Вардар, секогаш било тешко да се стигне до бодови против Пролет. Се надевам на успешна сезона во новиот клуб“, истакна Пецаковски кој има 26 настапи за македонската репрезентација.

Пецаковски ќе биде одлично засилување за нашиот тим. Среќни сме што ќе го имаме во тимот, исклучително е задоволен што потпиша за Тинекс Пролет, покажа желба да стане дел од нашиот клуб. И претходно постоеше интерес, но трансферот реализиран летово е на задоволство на двете страни. Тој е интелигентен ракометари, добро ја следи играта, ја познава лигата и ќе нема никакви проблеми да се адаптира во нашиот тим“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *