Дали светот ке остане на патот на регионализација (прв дел)

Дали светот ке остане на патот на регионализација
Или ке ја менуваме матрицата за интеграција ?
Сепак, целосната интеграција која нè води до премногу напреднато општествено разликување, бара и приближување на нивоата на развојот, како и делумно унифицирани институционални решенија. Кај интеграцијата, всушност, не се работи за исти нивоа на развојот во моментот на стартот туку за за¬почнување на процесот на нивно приближување, што на очигледен начин ја имплицира неопходноста од побрзо темпо на развој на областите кои се рела¬тивно помалку напреднати. Ефектите на таквото забрзување треба да бидат корисни не само за послабите туку и за побогатите партнери, бидејќи само тогаш тие ќе бидат стратешки наклонети да се ангажираат во овој вид алијанси.
Во историјата, во текот на изминативе два века, единствен случај на регионализација во голем размер обележан со целосен успех е настанувањето и развојот на Соединетите Држави. Може да се замисли што би бил денес тој регион од Алјаска до Флорида, од Мејн до Калифорнија, од Луизијана до Хаваите, кога и понатаму би останал поделен меѓу Британците и Шпанците, Французите и Русите, Индијаницте и Полинезијците и меѓу скараните меѓусебе потомци на афро–азиско–европските имигранти. Сигурно таа не би била најголема економска сила на светот, бидејќи во тој случај во услови на поделеност би функционирале многу валути и јазици, мноштво стопански политики и партикуларни интереси?
Па така, кога регионот на сегашните САД не би бил во целост интегриран економски организам тој би бил моментно неизмерно помалку продуктивен и несомнено би губел во конкуренцијата од страна на Западна Европа. Оваа последнава, обединувајќи се, ги извлекува вистинските историски заклучоци. Вистински, тоа значи без подложување на слепо имитирање, туку со земање во предвид на регионалните условувања и контексти.
Сепак, регионализмот не се развива само во старата Европа туку и на различни места во светот, при што јасно се оцртуваат неколку негови центри, околу кои, како во вода, по фрлањето на камења во неа, се рашируваат концен¬трични кугови. Северна Америка, Југоисточна Азија, јужниот дел на Латинска Америка, Јужна Африка – тоа се најдобрите воневропски примери на експанзија на регионализмот на преминот од 20 во 21 век. Дали неговиот процут е во спротивност со тенденциите за глобализација на стопанскиот живот? Ни најмалку, иако одговорот повторно делумно зависи од дефиницијата.
Ако глобализацијата се сфати како обликување на еден светски ка-питалистички систем, кој ги опфаќа сите региони и земји, подигнувајќи ги вештачките бариери, но не ликвидирајќи ги локалните разлики, тогаш процутот на регионализмот не е во спротивност со неа. Ако, пак, таа се сфаќа како тотален и перфектно отворен светски пазар, каде што во секе место се продава пропорционално само толку колку што дадената земја придонесува за светското производство, а останатиот дел од побарувач¬ката се задоволува со потрошу¬вачката создадена на друго место, тогаш, очигледно, регионализмот може да претставува пречка на нејзиниот пат. Во таков поредок, регионализмот би престанал да биде својствено возило на глобализацијата, станувајќи својствена брана пред неа или форма на бегство пред ликвидацијата на разликите и притисокот за потчинување на послабите од посилните.
Во реалноста, многу зависи од тоа дали наметнувањето на регионалните економски врски: инвестициски, производствени, финансиски и трговски, релативно ја изолира дадената групација од остатокот на светот (како што своевремено се случуваше во однос на Советот за заемна стопанска помош – СЗСП) или, пак истовремено, или подоцна, доаѓа до некоја повисока форма на интеграција, веќе не толку меѓу индивидуални земји туку меѓу групи на регио¬нално интегрирани стопанства. Овој проблем актуелно добива на значење. По¬ради тешкотиите во сферата на понатамошната либерализација на трговијата во светски размер, со понатамошни рунди на преговори во рамките на Светската трговска организација, меѓу другото, во однос на земјоделските производи, институциите за финансиско посредување, авионската комуникација, телекому¬ни¬кациите, како и градежните услуги, некои земји повеќе сакаат да не чекаат и да одат напред во рамките на своите групации.
Па така, има сè повеќе случаи на отцепување од светската низа и во местото на една глобална (па и неостварена) зона на слободната трговија, каква што не постои и останува сè уште во сферата на фантазијата на GFTA (Global Free Trade Agreement), настануваат и се развиваат многу помали групации, со раз¬личен степен на либерализација на трговијата и различен размер на институ¬ционବлизирање на интеграциските врски. Набљудувајќи го текот на реалните процеси, главно динамиката и географската промена на структурата на тргов¬скиот промет и преговорите што се во тек, како и настанувањето на политичката стабилизација, на пример меѓу Северна и Јужна Америка или помеѓу Западна Европа и Источна Азија, може да се види дека современиот регионализам сепак е повеќе возило што ја промовира глобализацијата, отколку пречка на па¬тот на нејзиниот развој или штит што нè засолнува од неа.Интеграцијата на светскиот пазар не само што не е во спротивност со сè поинтензивните процеси на регионалните интеграциски процеси, туку напротив, тие се нејзини катализатори. Тоа најјасно се гледа низ призмата на непреки¬натите процеси на конкуренција или приближување, проникнување и напредува¬ње на интеграцијата на пазарите на трите најголеми стопански центри и нивните најблиски трговски, финансиски и инвестициски партнери – Европската Унија, НАФТА и Јапонија. Во секој од овие случаи најбрзо (се разбира побрзо отколку БНП) расте трговскиот промет во групациите и со соседите кои одржуваат блиски економски односи (земјите на Источна Европа во однос на ЕУ, Јужна Америка во однос на НАФТА или Источна Азија во однос на Јапонија).

Д-р Љупчо Бошевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *