Ангелевска во подршка на „Хуманитарниот панаѓур“

По повод денешните активности на „ХУМАНИТАРНИОТ ПАНАЃУР“ организиран од здруженијата “Јасмин” и “Златно перо”, а поддржан од Комисијата за еднакви можности во Советот на општина Битола, на својот ФБ профил д-р Анита Ангелевска, член на КЕМ во Советот го објави следното :

Поддршка за секоја иницијатива, стојам зад секој чекор, кој ќе придонесе во развојот на еднаквите можности меѓу жените и мажите, во внесувањето и унапредувањето на родовата перспектива во секој аспект на живеењето, заедницата и јавниот простор.
Затоа и денешната активност и изразената поддршка на настанот “Хуманитарен панаѓур”, во организација на “Златно перо” и “Јасмин”, од страна на Комисијата за еднакви можности во Советот на општина Битола, ја гледам како надеж и прилика, општина Битола да се врати на лидерската позиција во делот на еднаквите можности меѓу жените и мажите и дека вложениот труд пред 2005 година, а континуирано и интензивно од 2005 наваму, нема да бидат залудни и фрлени во ветер.
Во оваа прилика мора да се каже и дека општина Битола беше прва и во редот на најдобрите општини по влогот и резултатите од внесувањето на родовото буџетирање.
Но, не смее да се премолчи и фактот, што општина Битола, веќе две години не прави ништо во оваа сфера (исто како во сите други области, за жал), а тоа многу јасно се гледа по алокациите на средствата во Буџетот, по се што НЕ СЕ ПРАВИ за да имаме родово сензитивен буџет или по комплетното отсуство на акција за поттикнување на ЕДНАКВИТЕ МОЖНОСТИ МЕЃУ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ!
Трагедијата да биде поголема, оваа состојба се случува, во мандат на жена градоначалничка😨😨😨 Наташа Петровска!

* Поддршка за секоја иницијатива, стојам зад секој чекор, кој ќе придонесе во развојот на еднаквите можности меѓу жените…

Posted by Анита Ангелевска Битола on Saturday, October 19, 2019

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *