Инфомакс.мк – Определен притвор за градоначалник и уште еден струмичанец поради делење на предизборен поткуп

Полицијата трага по градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, и по лицето Лазо Кутуровиќ – Д’лгио поради давање на предизборен поткуп во Василево и во општините кои гравитираат околу струмица.

Јавен обвинител веќе определил мерка притвор за двацјата.

Според неофицијални информации, полицијата испратила покани до двајцата, но ниту еден не бил пронајден на нивните домашни адреси.

Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави аудио снимка на која може да се слушне гласот на градоначалникот на Василево Марјан Јанев, како заедно со градоначалникот на Дојран делат предизборен поткуп и ветувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *