27 Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“

Жирито на 27-от Интернационален фестивал на аматерскиот (непрофесионален ) документарен филм „Камера 300“, во состав: Мајстор на аматерскиот филм на КСМ- Љупчо Петровски -Претседател од Шведска, Проф. Д-р. Мишо Нетков од Р.Северна Македонија -член, Доц. Д-р Антон Антонов од Р Бугарија-член, Јосип Грозданиќ од Р.Хрватска–член и Благојче Божиновски од Р.Северна Македонија, на 17-ти и 18.10.2019 год. ги прегледаа сите 35 пристигнати филмови и ја донесоа следната:

О Д Л У К А

Член 1
Во официјална конкуренција од вкупно 35 филмови, жирито одлучи да бидат прикажани 13 филмови во 2 официјални проекции.
Член 2
Од избраните филмови во официјална конкуренција, а според Правилникот и пропозициите, жирито ги додели следните награди:
GRAN PRIX наградата „Плакета Милтон Манаки” за најдобар филм на фестивалот му се доделува на филмот „РЕКВИЕМ ЗА ТИН“ на авторот Џејмс Калмерс од Велика Британија
„ЗЛАТНА КАМЕРА 300“ за филмот „ЛИТИЈА“ на авторот ДИМЕ ТАЛЕВСКИ од Р.Северна Македонија.
„СРЕБРЕНА КАМЕРА 300“ за филмот „УЛОВЕНОТО ВРЕМЕ“ на авторот КК „МАДАРСКИ КОННИК“ од Р.Бугарија.
„БРОНЗЕНА КАМЕРА 300“ за филмот „ЕХО ОД МИНАТОТО“ од авторот од Барбара и Бернхард Зимерман од Германија.
ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА UNICA за филм кој поттикнува истражување му се доделува на филмот „СТРУШКИОТ ДЕДО МРАЗ“ од авторот ПЕТАР УЗУНОВСКИ од Р.Северна Македонија.
ПЛАКЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА НАЈДОБРА КАМЕРА на авторот ТОМЕ ЉУШЕВ од Р. Северна Македонија, за филмот „ ОД ТРПЕЈЦА ДО Св.ЗАУМ ДО Св.НАУМ“ “.
ПЛАКЕТА ЗА РЕЖИЈА „ДРАГИ САВЕВСКИ“ на авторот ГОРАН ТРИФУНОВСКИ од Р.Северна Македонија за филмот „БРАНКО ГАПО“.
ПЛАКЕТА ЗА МОНТАЖА на авторот ФРАНЦ КОПИЧ од Словенија, за филмот „СКУЛПТУРА“.
ПЛАКЕТА ЗА ИДЕЈА „СТЕВО СИДОВСКИ“ на авторите Валентина Илиевска и Надица Петковиќ “ од Р.Северна Македонија за филмот „ МЕКА ДУША ЗА ТВРДО ЖЕЛЕЗО “.
ПЛАКЕТА ЗА РЕПОРТАЖА на авторот АНИТА КИРБИШ од Словенија за филмот „ПТУЈ-МЕСТОО МУЗЕЈ И ГРАД СО ТРАДИЦИЈА“.
Член 3
Стручното жири одлучи да бидат доделени и Специјални награди-плакети:
На авторот Тони Ристовски од Р.Северна Македонија за негување историски моменти за филмот „СКОПСКИ ПРИКАЗНИ“.
На авторот Томе Љушев од Р.Северна Македонија за филмот „ВЕЧНИОТ БОГ“ за негување на традицијата во филмот.
На авторот Љупчо Ристески од Р.Северна Македонија за филмот “ПОСЛЕДНИОТ ДОГРАМАЏИЈА“, за вреднување на етно културата.
На авторот Христијан Кочовски од Р.Северна Македонија за филмот „ ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ НАШАТА ПЛАНЕТА“ за талентиран млад автор.

ЖИРИ КОМИСИЈА:

1. Мајстор на АФ на КСМ- Љупчо Петровски – Претседател 2. Проф.Д-р. Мишо Нетков–Член
3. Доц.. Д-р.Антон Антонов – Член
4. Јосип Грозданиќ -Член
5. Благојче Божиновски – Член

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *