Реакција од РЕК Битола на соопштението “Неспособноста на Заев и носи милионски штети на Република Македонија” на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ

РЕК Битола ја охрабрува политичката партија ВМРО – ДПМНЕ будно да го следи работењето на комбинатот и во иднина. Да ја известува јавноста и за инвестициите во капитални проекти што се во тек или што се планираат во блиска иднина. Производствените и финансиските биланси на РЕК Битола и на АД ЕСМ изминатите две години доволно зборуваат за начинот на работа на комбинатот и компанијата. Тие се заслуга на СИТЕ вработени.

Во меѓувреме, РЕК Битола ќе го санира дефектот заради кој Блок 3 денес е надвор од функција. Ќе ги санира и сите евентуални следни дефеци на различни простројки кои со години наназад биле запоставени и ќе обезбеди стабилно производство на електрична енергија во Република Северна Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *