Шеќеринска би требало да можете подобро

Кога повеќекратно сте носител, кога неколкупати сте ги излагале битолчани и граѓаните од петтата изборна единица, кога се што сте ветувале било само гола флоскула и кога се викате Радмила Шеќеринска, нормално дека ќе лутате на терен, а изјавите ќе ви бидат нелогични, збунувачки и дури и дрски.
Цитирам -“Градоначалничката денес можеше да каже овој инфраструктурен проблем не е создаден во мое време и не ме интересира, но ние ги решаваме и проблемите кои ни ги оставија во наследство пред 10, 7 или пред 5 години”- завршен цитат.
Колкаво треба да е незнаењето, дрскоста или еве да прифатиме збунетоста пред големиот пораз на 15 јули, та како дводецениска политичарка да признаете и свесно или несвесно да го претставите Вашиот арогантен принцип на размислување и дејствување. Па, Вие госпоѓо Шеќеринска и најнеспособната градоначалничка Петровска, за волја на вистината и немате ниту еден проект, ништо со што да се пофалите, а Петровска буквално, ама буквално ништо не направи за битолчани.
Не можете да се скриете од вистината, ниту можат да бидат заборавени кадрите и фотографиите на реки вода низ Битола!
Барем од пристојност, сте можеле, госпоѓо Шеќеринска да научите нова флоскула, а не да ги лажете граѓаните со заложбата дека парите ќе завршат кај граѓаните. Ова е Битола и многу јасно им е на битолчани каде завршуваат парите.
И на крајот, Вие како кандидатка згрешивте што се појавивте во придружба на Наташа Петровска или таа згреши што се појави со Вас?
Бидејќи, Вие сте првата понуда на СДСМ – по кој знае кој пат, сепак лошо сте процениле.
Да, се согласуваме дека “парите мора да одат во модерна инфраструктура, итоа инфраструктура која постојано ќе се обновува и унапредува.”
Сепак, чесно е пред граѓаните, да признаете дека, не модерна, туку никаква инфраструктура нема во Битола во овие две и пол години на Наташа Петровска и нејзината алиби политика. Чудно е вакви пропусти да се прават од Ваша страна, зашто, како и да е повеќе од две децении сте политичарка. За жал и вчерашниот ден го промашивте во Битола, ама добро е, барем престанавте да лажете дека електростатските филтри во РЕК само што не се сменети или реконструирани.
Сепак од ова, би требало да можете подобро!

Васко Мавровски портпарол – ВМРО ДПМНЕ Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *