Само за сонувачи – Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“

– Овогодинешното фестивалско мото е “Само за сонувачи“, а влезот за сите претстави е биде бесплатен, се со една цел да создадеме едуцирана публика со полни глави незаборавни спомени, со театарска култура, да всадиме во децата љубов кон театарот, да ги понесеме по вистинскиот пат за да можете сами да препознаете квалитетна театарска претстава, на крајот на краиштата да  овозможиме да сонувате и да уживате со сите сетила бидејќи тоа го може единствено неговото височество театарот, истакнува организаторот на фестивалот Бабец театар.

Во Битола во тек е 9. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ на кој најмладите од нашиот град ќе погледнат 6 детски театарски претстави на нашите гости од земјава, но и Бугарија, Русија, Австрија, Египет.

Фестивалот започна со свечено отворање и дефиле на плоштадот “Магнолија“, а на новата сцена на НУ Центар за култура се изведе детскиот бродвејски мјузикл “Ени Јуниор“, проект на Здружението за инклузивно и неформално образование “Крео-Аксис” од Скопје,  како и претсавата “Перничеграфија“ на Театарската школа Бабец.

На 9-то издание на „Битолино“ ќе се прикажат 6 претстави и тоа покрај домашните и ќе ги видиме и гостите од Бугарија, Русија, Австрија, Египет.

Фестивалот завршува на 08.10.2019, а на програмата во 18 часот се гостите од “El Mahrousa group“ од Гиза, Египет со претставата “Приказни од 1001“ и во 19.30 часот на програмата е Театарот од Санкт Петерсбург, Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *