Реакција од РЕК Битола на соопштението ВМРО – ДПМНЕ

Блок 1 на РЕК Битола е исклучен од електроенергетскито систем во петокот, на 4 октомври, околу 23:30 часот, заради дефект на цевки во котелот на постројката. Се очекува да биде повторно ставен во функција во текот на утрешниот ден. Точно е дека Блок 1 почесто “испаѓа” за разлика од другите два блока на РЕК Битола, но вистината е дека причина за тоа е неуспешниот и сомнителен обид за модернизација на котелот на блокот од 2014 година. Обид заради кој и денес РЕК Битола е вовлечен во судски процеси и меѓународна арбитража, а на комбинатот му се закануваат милионски отштети кон странските партнери, при што трпи електроенергетскиот систем на земјата.      

Лицемерно е ВМРО – ДПМНЕ да зборува за партизација на РЕК Битола ако се знае дека за 11 години, колку што беше на власт оваа партија, во комбинатот се вработиле околу 1.400 лица, во најголем дел распределени на непродуктивни работни места. Последиците се чувствуваат и денеска.

Во ВМРО – ДПМНЕ може да бидат спокојни бидејќи тоа што не го направиле кога можеле и морале, а се однесува на ефикасноста во работењето на блоковите или , на пример, заштитата на животната средина, сега се надоместува со крупни чекори. За следната година предвидени се над 30 милиони денари за зголемување на доверливоста и ефикасноста на Блок 1, со што повторно ќе санираме наследени состојби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *